Гробиштата обично ги посетуваме на погреби, помени, на празници како Дуовден или Задушница, кога и ја објавуваме епизодава. Но има луѓе на кои гробиштата им се секојдневие. Запознајте ја Бети Недељчиќ, која одржува над 300 гробови во Бутел. Секогаш дотерана и насмеана, таа раскажува за „милионскиот град“ и неговите жители.
Забелешка: „Обични луѓе“ е подкаст наменет за слушање. Во него е вграден голем труд за монтирање, музичка илустрација и течна аудио нарација. Транскриптот е наменет само како помошно средство, особено доколку архивските материјали се со понизок квалитет. Во сите други случаи ве поттикнуваме да ги слушате, а не да ги читате епизодите. Ви благодариме.
С3Е10 – Транскрипт
(aтмосфера од гробиштата)
Илина
Велат секој човек треба да посети барем еднаш годишно три места: болница, лудница и гробишта. Ако не се најде таму, тогаш тој е среќен човек.
Прво што направив кога син ми почна да поставува прашања за смртта беше да го однесам на гробишта. После спокојната прошетка, вежбањето на азбуката читајќи ги имињата на покојниците и посетата на гробот на прабаба и прадедо, неговиот коментар беше: „Убаво место, пак да си дојдеме“.
(Common People)
Jaс сум Илина Јакимовска. Во оваа епизода од подкастот Обични луѓе ќе зборуваме со Бети, жена која има над 300, како што самата ги нарекува, клиенти во Бутел. Весела, секогаш дотерана и подготвена за муабет, таа понекогаш ги шокира оние кои ја прашуваат што е нејзината работа.
Бети:
Е па да се запознаеме прво. Јас се викам Елизабета (се смее). Управител сум на фирмата „Бети и Зоки“ – одржавање на гробови. Тоа го работам од 2001 година. Идејата не беше моја него идејата ја прифатив од еден бивши шеф шо беше во АД Бутел, сега он моментално е починат. Ја бев стечаен работник, останав дома и немав работа. И он ми се јави, ми рече – дали би сакала да чистам гробои? И ја тоа го прифатив. И така првиот мој муштерија беше Данчо Шутурков, уствари тетка Данче Шутуркова беше, неговата сопруга. Она беше првиот мој муштерија и она ми донесе уште седум – осум муштерии благодарение на тоа дека биле куќни пријатели. Така почна овој мој бизнис (се смее).
Илина: А добро дали ти беше шубе во прво време, дека сепак гробишта, смрт, умрени, жално и така натаму. Имаше ли некое суеверие, те плашеше ли нешто?
Бети: Не, воопшто ништо не ме плашеше, ова го прифаќам како секојдневен живот. Како дел од нашиот живот. Што е тоа жива вистина. Не се плашев меѓутоа првите моменти додека малце се очеличев, ако видев некои млади деца кои ги погребуваат ми беше многу жал. Али после малце се очеличев и сега ако видам таков случај, се тргам настрана.
Илина
Како изгледа еден нејзин типичен работен ден?
Бети:
Работам четири дена, значи рачунај четврток, петок, сабота недела, дури ако има потреба доаѓам кроз неделата, имаат роденден, имаат годишнина, имаат помени. Морам да дојдам да го исчистам затоа што врне, се прљаат, еве се гледа и морам да го исчистам. Во тој момент доаѓаат најблиските и сакаат да им е почисто. И доаѓам и преку неделата. Иначе еден типичен работен ден ми е една мопа, една канта, една метла, пет крпи и средства и тоа. Тоа е нашиот типичен работен ден.
Постарите луѓе што се, постарите генерации они доаѓаат. Значи имаме луѓе константно кои што доаѓаат у неделата петпати. Има доаѓаат четири пати. Има луѓе доаѓаат секоја сабота. Идат луѓе секоја недела. Зависи. Има луѓе што доаѓаат нон-стоп.
Илина
Гробиштата Бутел Бети ги нарекува милионски град, со исто толку приказни. Некои од нив се трагични, други, кога би биле филмови, можеби повеќе би личеле на трилери или на акција. На помените знаат да избијат караници помеѓу роднините, поради потиснати тензии или за поделба на наследството. Токму во моментот кога разговаравме на близок гроб длабок машки глас ги убедуваше останатите дека нема шанси да дели 7000 евра на човек кој не нашол за сходно дури ни да се појави и да оддаде почит.
Но за некои нешта кои ѝ биле отпрвин смешни Бети го сменила мислењето.
Бети
Ова сега шо ќе спомнам се работи пред едно десет – дванаес години, еден постар човек иде по улица и плаче. Кога го загледав човекот приметив дека има негдека околу седумдесет и пет години. И он иде и плаче. Мене ми беше смешен, човек седумдес пет години, а нема вака работен ден, нема никој. Само ја бев и чистам. И он сиромав поминува, иде и плаче. И ја викам – што е бе чиче? Вика – а бе татко ми вчера го погребав ама сега не можам да го најдам. И јас си викам – леле бе овој ако има седумдес пет години, па колку ли има татко му? Највероватно сто години. Ама случајно тука ги гледав гробарите дека вчера копаа и викам – а бе чиче, овој ли да не ти е гробот? – Да синко – вика – тој ми е гробот. И ја викам дури мене ми беше смешно.
Оттогаш реков дека више не се смеам. Кој ќе дојде на гробишта, ќе му помогнам. Сепак дали е сто години или сто пет години, он е родител. За мене ми остави длабок впечаток. И више нема да се смеам. А ќе го упатам човекот ако знам.
Илина
Но друг впечаток којшто го имала на почетокот уште повеќе ѝ се засилил – дека разликата помеѓу богатите и сиромашните помеѓу живите се чувствуваат уште понагласено помеѓу мртвите.
Бети
Ја кога дојдов овдека на гробишта мене ми беше малце интересно, одма ја осетив класната разлика меѓу луѓето. Се осеќа. Сега што е реално – реално е. Ако одиме на Шутка во тој дел, ќе видиме посироти гробови што коштаат по илјаду евра, по осумсто. А више кога доаѓаме накај овој дел, више овде се среќаваме со многу поголеми пари и поубаи споменици. Значи и овдека се осеќа класната разлика, за жал. И мислам дека највише овдека се осеќа (се смее).
Најинтересен случај во животот ми беше, еден доктор тука не е битно кој у моментот доаѓа и гледам носи, носи крст докторот. Само он на погреб, сандукот по него, го симињаат гробарите. Уствари попот го носеше крстот, него он носеше венец. Мајка му негова му оставила желба само он да биде на погреб никој друг. И мене ми беше многу интересно дека он сам ја погреба мајка му. А имам сознанија дека тој човек има фамилија.
Илина
Бети најмногу работи во делот на гробиштата што се нарекува „илјадарка“, односно парцелите кои почнуваат со овој број. Вели дека добро соработува со другите колеги кои одржуваат гробишта, иако помеѓу нив понекогаш владее и конкуренција, особено за одржување на гробовите на според нив попрестижните семејства. Сега има 57 години и изгледа дека е во добра кондиција, но поради големиот број гробови што ги одржува нејзе ѝ помага сопругот, како и двајца асистенти. До кога мисли да ја работи оваа работа?
Бети
Па ќе се бавам сè додека не се симнам у пензија. Јас сум пријавена, ми тече стаж, све. Ја више имам седумнаес години стаж. Од пет години работев на црно, а после пет години сама си се пријавив, си ги плаќам давачките на државата, имам книговодител.
Илина: Значи уште колку години ти фалат?
Бети: Па јас сега негде имам околу пеес седум, значи рачунај уште седум години. А мислам дека и понатака. Сè додека можам, ќе работам. А оној момент ко ќе не можам, ќе побарам пензија. Само да сум жива и здрава.
Илина: Дај боже.
Бети: Не можам да се одвојам од овдека.
Илина
Бети и сопругот сакаат да патуваат, а на нивните тури секогаш се наоѓаат и локалните гробишта. Ги има посетено оние во Париз, во Шпанија, во Холандија, дури и гробот на Исус во Ерусалим. Во Европа според неа се поскромни, често само со еден камен и природни цвеќиња, како што и би требало да биде – без непотребни трошоци. Вели дека идејата за крематориум по углед на Белград или Софија е добра, а храната која се раздава на гробишта е подобро да се даде на деца што нема што да јадат.
Бети:
Овде психички се одмарам. И немам намера да напуштам. Многу ми е убаво. Ја жалам што ќе кажам на гробишта, стварно гробишта, широк поим. Жално е. Али ја обож… тука ми е убаво. И убаво се осеќам
Илина:
На крај Бети има и порака до своите клиенти.
Бети:
Е па еве на крајот бидејќи го завршивме оваа наша репортажа би сакала да ги поздравам сите мои клиенти за долгогодишната соработка и поверењето у мене и да им пожелам еден убав и прекрасен ден (се смее). Тоа е сепак една пажња за нив.
(Common People)
Илина
Јас сум Илина Јакимовска. Аудио монтажа Бојан Угриновски.
Ова беше последната, десетта епизода од третата сезона на подкастот Обични луѓе. Фотографии и целосен транскрипт можете да најдете на нашиот сајт obicniluge.mk.
Не заборавајте – барем еднаш годишно посетете ги гробиштата. Нашите сакани можеби не се физички таму, бидејќи секогаш ги носиме со себе. Но битно е да се израдуваме дека ние уште не сме.
Музика:
Johny Cash – Chorintians 15:55
Oh Death, where is thy sting?
Oh Grave, where is thy victory?
Oh Life, you are a shining path
And hope springs eternal, just over the rise
When I see my redeemer beckoning me
Oh, row my ship over the waves of your sea
Let me find a safe port now and then
Don’t let the dark one in your sanctuary
Until it’s time to pack it in
Oh, row, row my ship
With the fire of your breath
And don’t lay a broadside on your ship as yet
Blow ye warm winds
When it’s chilly and wet
And don’t come too soon yet
For collecting my debt
Oh Death, where is thy sting?
Oh Grave, where is thy victory?
Oh Life, you are a shining path
And hope springs eternal, just over the rise
When I see my redeemer beckoning me
Oh, let me sail on
With my ship to the east
And keep my eye on the North Star
When the journey is no good for man or for beast
I’ll be safe wherever you are
Just let me sail into your harbor of lights
And there and forever to cast out my night
Give me my task
And let me do it right
And do it with all of my might
Oh Death, where is thy sting?
Oh Grave, where is thy victory?
Oh Life, you are a shining path
And hope springs eternal, just over the rise
When I see my redeemer beckoning me